×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одбележува Неделата на имунизација

    28.04.2010 14:49 | KumanovoNews

     Лекарите од Центарот за јавно здравје во рамките на Европската недела на имунизација, посетија неколку средни, основни училишта и градинки, каде одржаа предавање за значајноста на имунизацијата.Екипите од Детскиот диспанзер и екипите од амбулантата "Тоде Мендол"ја реализираат вакцинацијата.

    Во Куманово се одбележува Неделата на имунизација

     "Имунизацијата е најдобар начин за спречување на болеста,а пред се допринесува за колективен имнуитет на заедницата, бидејќи вакцинирањето во наШата држава е бесплатно и задолжително. Оваа година се одлучивме постојано да ги едуцираме родителите, редовно да го следат календарот на имунизацијата, бидејќи вакцинацијата е една од наисплатливите здравстевни интервенции"- вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Заводот за здравствена заштита.

     Посебно внимание епидемиолозите посветуваат на децата од руралните средини и средините каде живее ромското население.

    Европската недела на имунузацијата се одбележува од 24 април до први мај.

    Во кумановско се вакцинираат речиси 95% од населението,но тенденција е процентот  да се зголеми.