×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се препорачува ограничено движење на отворено поради аерозагадувањето

    04.12.2018 12:43 | KumanovoNews

    На мерните станици во Куманово, Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци, е надмината вредноста на ПМ10 честичките од 100 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, при што Министерството за животна средина ги извести Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа.

    Во Куманово се препорачува ограничено движење на отворено поради аерозагадувањето

    Од Министерството ги даваат следниве препораки: да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

    Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.