×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово за една недела 10 нови случаи, вкупно 103 заразени од морбили

    19.04.2019 12:45 | KumanovoNews

    Десет нови случаи на заболени од морбили се регистрирани во периодот од 13.04-19.04.2019 година во Куманово.

    Во Куманово за една недела 10 нови случаи, вкупно 103 заразени од морбили

    Од вкупниот број на ново пријавени  најмногу заболени има во Скопје, 79 случаи, потоа во Тетово (14), Куманово (10), Велес (8), Гостивар (4), Охрид (3), Струмица (1), Свети Николе (1) и Ресен (1).

    Од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со 19.04.2019, во државата регистрирани се вкупно 1.081 случај на мали сипаници, што претставува највисок број на регистриран случаи во последните 10 години.

    Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 21 град од Македонија, од нив 692 случаи се од Скопје, Куманово – 103, Тетово – 93, Струга – 50, Кичево – 30, Велес -24, Гостивар – 20, Гевгелија -18,  Дебар – 17, а во останатите градови се регистрирани помалку од 10 случаи.