500x100-1
15. 04. 2010 08:58

Во МВР таксени марки преку СМС

Во МВР таксени марки преку СМС

 Таксените марки за аплицирање за патни исправи и возачки дозволи, граѓаните ќе можат да ги купат преку мобилен телефон. Ова е новата услуга која ја воведоа Управните служби при Министерството за внатрешни работи.

 Апликантите за патни исправи преку СМС порака на телефонскиот број 144166 (со префикс на кој било од трите мобилни оператори –ВИП, Т-мобиле, ОНЕ) ќе можат да купат таксена марка, која им е потребна за пополнетите документи. При тоа е важно, по испратената кодна порака, граѓаните да го задржат повратно добиениот трансакциски код кој што ќе треба да го сочуваат и презентираат пред шалтерскиот работник.

 За секоја од бараните услуги наведен е соодветен коден број заедно со цените на таксените марки. Најпрво во пораката се пишува кодот, потоа името, презимето на барателот на услугата, и цената на таксената марка, потребна за бараната услуга. После секој од наведените информации (код, име, презиме, цена) потребно е да се остави празен простор. Така срочената порака се испраќа преку горенотираниот телефонски број, и се чека повратната порака во која што граѓанинот ќе добие соодветен трансакциски код кој е потребно да се сочува до моментот кога ќе биде побаран од шалтерскиот работник при апликација за услугата.