×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Пелинце се одржа првата летна школа за поезија, проза и драма

    12.06.2019 11:15 | KumanovoNews

    Во прекрасниот амбиент на Меморијалниот центар Пелинце, од трети до седми јуни се одржа првата летната школа за поезија, проза и драма, на која учествуваа средношколци од Куманово, Кратово и Крива Паланка.

    Во Пелинце се одржа првата летна школа за поезија, проза и драма

    На петдневната работилница дваесетина ученици учеа и твореа, под менторство на професорот и писател Венко Андоновски, се со цел да го надградат своето знаење и љубов кон творештвото, литературата и мајчиниот јазик.

    Учесниците на оваа летна школа да ги биравме на конкурс не можевме да ги избереме подобри и поталентирани. Јас сум всушност изненаден од мојата погрешна перцепција, дека владее општа апатија во однос на уметноста и книжевноста. Кога се договаравме очекував дека ќе добијам школски примери на деца, но добивме нешто многу чудно, од таленти за проза, до поезија, драма и за театарска игра. Јас сум презадоволен, Куманово и Македонија треба да се гордее што во овој град и во овој крај има такви млади таленти, со кои само малку ако се поработи, верувајте, може да стане европска величина, - вели писателот Андоновски.

     Професорот додава дека програмата по која работел била прилагодена  на афинитетите на учениците, а не како тој првично ја планирал. Тоа било и целта на оваа креативна школа. Според него талентот е пресуден за секој работа, но многу значаен е трудот и пронаоѓањето.

    На завршната манифестација учениците пред публиката покажаа што научиле, презентираа модерни творби што ги обединуваат трите литературни рода и го оживуваат ликот на кумановскиот крал Карпош. Потоа го изненадиа менторот со свои видувања како тие го доживеале него и неговите предавања.

     Искуството не може да се опише со зборови, не очекуваше никој од нас дека дружбата ќе биде толку перфектна. Искуството е преубаво и секоја година би доаѓал. Професорот Венко не научи на многу работи, но искрено суптилно не подучи да го живееме својот сон и многу му благодариме поради тоа, - беа едногласни учениците.

    Првата летната школа за поезија, проза и драма е дел од програмата за одбележувување на 500 години Куманово, а Општината планира да стане традиционална. Идејата потекнала од поранешниот градоначалникот Слободан Ковачевски, а прифатена од надлежните.

     Планираме оваа школа да биде традиционална, бидејќи многу сум задоволен и горд како градоначалник што градот има вакви таленти, кои ќе дадат голем допринос во градењето на уметноста и културата во нашиот град и нашата држава. Посакувам наредната година школата да биде уште помасовна, а општината ќе одобри средства за да се реализира и да стане традиција, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

      Советничката и професорка по македонски јазик во гимназијата Гоце Делчев, Соња Тодоровска, член на комисијата за образование во Советот на Општина Куманово, вели дека ја имала честа да бида алка на спојување помеѓу професорот Венко Андоновски и талентираните ученици од сите средни училишта во нашата Општина и регионот.

     Вклучивме и ученици од Кратово и Крива Паланка, имавме прекрасни 5 дена дружење на тема литература, лирика, епика и драма. Од ова наше дружење произлегоа многу творби, кои се подготвени за печатење, на што јас посебно сум горда. Голема благодарност и до сите ментори од сите училишта кои направија вистинска селекција на талентирани ученици, со кои можеме да се гордееме. И она што денеска го покажавме значи дека нашата работа има резултат и оваа школа треба да продолжи и понатаму, - изјави професорката Тодоровска.

    Учениците и професорите се разделија од годинешнава летна школа, со договор да се сретнат наредната година во поголем број и со нови животни искуства.