Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред споменикот од НОБ во селото Пелинце, во петок ќе се одбележи 75- години од битката во Пелинце, каде загинаа Ангел Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи, борци на Кумановскиот одред.
Секретарот на општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ во Куманово, Цоки Ристовски денеска ги повика граѓани кои сакаат да заминат организирано на прославата да се пријават кај нив.
Превозот го организира боречката организација. Сите кои сакаат да присуствуваат на прославата, апелирам да се пријават во наредните два дена. Поаѓањето е во петок во 10 часот, од пред зградата на Комитете, а прославата е во 11 часот, - изјави Ристевски.
На прославата ќе присуствуваат и претставници на општините Старо Нагоричане и Куманово и други државни институции, како што е детската градинка Ангел Шајче која што го носи името на еден од загинатите борци.
Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година, кога партизаните му го задале последниот одлучувачки удар за победа на бугарскиот окупатор во Козјачието. За жал во оваа битка животите ги положиле Шајче и Летеќи.