×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Пуковско откриен див погон за ракија

    21.11.2010 23:14 | KumanovoNews

     Ацо Т. (51) од Куманово ја произведувал отровната ракија што била продавана на Зелениот пазар во Куманово.

    Во Пуковско откриен див погон за ракија

     Полицијата извршила претрес во домот и импровизираниот погон во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово при што биле пронајдени и одземени околу 512 литри алкохолен пијалок-ракија во пластични садови буриња, туби и шишиња, околу 15 литри разновидни екстракти и еден јонизатор за вода.

    Пријавениот подолго време на диво во импровизиран погон со употреба на алкохолен раствор етил алкохол произведувал, складирал и во слободна продажба пуштала алкохол и алкохолни пијалоци.При тоа избегнувал да плаќа акцизни давачки. Одземената ракија и екстрактите ќе бидат испратени на анализа заради утврдување на нивниот состав и присуство на штетни материи.

    Ацо е приведен под сомнение дека сторил три кривични дела и тоа: производство и пуштање во промет штетни прехрамбени и други продукти, недозволено производство и кривично дело од Закон за акцизи.

    Инаку тој во 2005 година од СВР Куманово му поднесе кривична пријава за истите кривични дела, при што му беа одземени околу 3.800 литри разновидна ракија, и има правосилна пресуда за издржување на тригодишна казна затвор.

    Дистрибутерот Д.А.(50) и препродавачот Б.К.(54) што ја набавувале ракијата од работилницата во Пуковско се во притвор.Седуммината кумановци се затруле откако пиеле ракија шти ја купиле на тезга на пазарот.Ненад Д.(32), Марјан И.(39), Јадран Ѓ.(39), прво купиле од ракијата, а потоа и Миле А.(48), Весе Ц.(62), Столико Д.(56) и Будимир Т.(54) дегустирале од истата. На сите им се слошило и со симптоми на труење се пренесени во Општата болница Куманово. Дежурниот лекар утврдил дека труењето е предизвикано од аклохол со примеси на метил алкохол. По 24 часовно лекување, затруените се пуштени на домашно лекување и нивната здравстеван состојба е стабилна.

     По наредба на судот, а во соработка со Дирекцијата за заштита на храна и Државниот пазарен инспекторат извршен е претрес во домовите на дистрибутерот Д.А.(50) и препродавачот Б.К.(54), каде се пронајдени 80 литри ракија која е предадена на анализа за да се утврди кои штетни материи се присатни во нејзиниот состав.

    ЈП „Пазариште„, го раскинал договорот за соработка и ја затворил тезгата каде нелегално била продавана ракијата.