×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во септември ќе се возобнови „Тумба фест“

    27.02.2019 12:37 | KumanovoNews

     Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Ризница“ од Куманово, годинава ќе го возобнови фестивалот на хумористични песни „Тумба фест“.

    Во септември ќе се возобнови „Тумба фест“

    Фестивалот ќе се оддржи кон средината на септември во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во две вечери.  Веќе е формиран и иницијативен одбор кој работи на подготовките на фестивалот.

    „Здружението доби ексклузивно право да го организира познатиот „Тумба фест“, кој се организираше до 2000 година. Беа одржани 6 фестивали на кои беа испејани квалитетни песни, а некои од нив останаа големи хитови. Веќе разговаравме со локалната самоуправа, а имаме голема поддршка и од љубителите на шегобијната песна. Конкурсот е распишан пријавени се голем број на автори. Имаме пристигнато 20 текста и десетина аранжмани за нови песни. Ќе се направи селекција на песните и ќе ги избереме најдобрите. Фестивалот планираме да го организираме во првата половина на месец септември.  Имаме идеја како сакаме да изгледа фестивалот, имаме и неколку песни снимено, а планиреме дека до средината на мај сите песни ќе бидат готови, - изјави Драган Митевски, директор на „Ризница“.

    Фестивалот е замислена да трае две вечери едната да биде ретро со познатите песни кои се отпејани на фестивалот, а втората вечер ќе биде ревијална.