×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Средорек се криеле палестинци и сомалијци

    18.11.2010 15:25 | KumanovoNews

     Во куќата на Исан Асановки и неговиот роднина Методија Камберовски во ромската населба, полицијата завчера открила 10 миграни.

    Во Средорек се криеле палестинци и сомалијци

     Пронајдените се шестмина палестинци и четири лица од Сомалија на возраст од 16 до 40 години.Тие ја поминале грчката граница, и со воз од Битола допатувале во Скопје, а со автобус дошле во Куманово. Асановски за сума од 1250 евра требало да ги префрли во Србија,а веднаш му биле исплатени 850 евра.

    Кога ги видов луѓете, прашав што бараат овие Арапи тука. Тие убиваат, прават атентати по светот и на нас во куќата не ни требаат такви луѓе. Сега ќе видат тие, и се јавив во полицијата. Дојдоа и ги уапсија, ама еве сега братучед ми е во притвор во Шутка, се поради Исени. Тој е во бегство, а ни ги донесе мигрантите во Средорек - вели Рамадан Мучевски, братучед на притворениот.

    Лицата се сместени во Прифатниот центар за странци кои немаат никакви документи за идентификација, а податоците за нивните лични имиња се по нивни искази. Асановски е недостапен за полицијата и против него е распишана потреница и поднесена му е кривична пријава како и на Асановски за „Криумчарење мигранти“.