×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Старо Нагоричане започна изградбата на патот за Никуљане

    30.06.2010 14:21 | KumanovoNews

    Првата фаза предвидува  изградба во должина од 1800 метри во рок од 45 дена, а втората фаза вонаредните неколку месеци. Патот ќе биде со широчина од 6 метри, од кои 4 метри коловоз.

    Во Старо Нагоричане започна изградбата на патот за Никуљане

    Почна изградбата на локалниот пат што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Нукуљане. Патот во должина од 3800 метри ќе се асфалтира во две фази со средства од Агенцијата за патишта.

    -Првата фаза предвидува патот да се изгради во должина од 1800 метри во рок од 45 дена, а втората фаза во текот на годината. Патот ќе биде со широчина од 6 метри, од кои 4 метри коловоз. Жителите од овие две села го чекаат овој пат повеќе од 50 години и тој ќе допринесе за подобро поврзување на населените места во Општината. Владата за патната и комунална инфраструктура на Општината Старо Нагоричане издвои 700 000 евра - рече градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.

    Свеченото пуштање во употреба на првиот дел од патот е планиран за почетокот на август.

    Работите ги изведува градежното претпријатие А.Д.„Гранит“ од Скопје,а проектант е градежното претпријатие „Евгенија-ерфлај“ од Куманово. На свеченоста по повод отпочнувањето на градежните работи присуствуваа повеќе претставници на општествено-политичкиот живот во Старо Нагоричане и Куманово.