500x100-1
12. 02. 2010 14:32

Во земјоделското училиште го закроиа лозјето

Во земјоделското училиште го закроиа лозјето

Учениците од средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ денеска го закроија лозјето во пресрет на празникот, Свети Трифун заштитиник на лозаро-овоштарите.

Во пресрет на празникот денеска го закроивме лозјето. Го посипавме со вино кое според верувањата дава енергија на виновата лоза, за да даде добар род. Токму од Свети Трифун според верувањата се очекува да престанат мразевите и да започне вегетацијата - вели Александар Арсиќ професор.

Во рамките на училиштето,учениците од земјоделското училиште обработуваат половина хектар лојзе.