×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водaта приоритет во Североисточниот регион

    24.03.2010 10:55 | KumanovoNews

     Водоснабдувањето е еден од приоритетите на општините во Северо-источниот регион. Со програмата за рамномерен регионален развој општините очекуваат сретства од државата за долгорочно решавање на овој проблем.

    Водaта приоритет во Североисточниот регион

     Тие веќе подготвуваат стратегии и издржaни проекти за изградба на нови акумулации и водоснабдителни објекти во регионот.

     Локалната самоуправа Куманово има концепт за изградба на акумулација на реките Петрошница, Живуша, Крива река и други помали рекички, кои се најповолни во регионот и ќе бидат опфатени повеќе општини во регионот. Се надевам дека тука ќе имаат интерес и општините Ранковце, Кратово, Крива Паланка - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

      Доколку не се реализира овој проект тогаш локалната самоуправа од Куманово, водоснабдувањето ќе го решавава со проект во кој ќе бидат вклучени само Куманово и  Липково. Заеднички интерес на двете најголеми општини во регионот е да се изгради нов цевковод од ф 700-800 мм.. Со тоа ќе се донесе вода до поголемите села во општината Липковско, а ќе се зголеми дотурот на вода во Филтер станицата и со тоа ќе стави точка на повеќегодишниот проблем на снабдување на градот со вода во летниот период.