500x100-1
08. 02. 2010 16:43

Вооружен грабеж во обложувалница

Вооружен грабеж во обложувалница

Вооружено и маскирано лице вчера ја ограбило спортската обложувалница „Премиер“, во центарот на Куманово. Во 19.15 часот, напаѓачот со автоматска пушка влегол во обложувалницата на ул. Димитрије Туцовиќ и одзел 85.000 денари.

Насилникот ја прашал вработената Д.Б (26)  дали имаат сеф, а потоа се заканил дека ќе ја убие  ако не му ги даде парите од касата. Исплашената девојка му го предала пазарот, по што разбојникот го собрал пленот и побегнал. Се претпоставува дека надвор го чекале со автомобил со се изгубиле во непознат правец. Полицијата извршила увид на лице место и трага по разбојникот.

Обложувалницата Премиер работи веќе две години  и се наоѓа на педесетина метри од полицијата. Ова е првпат да биде мета на вооружен грабеж.

Вооружен грабеж во обложувалница