Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово ја ограбиле бензинската пумпа на автопатот Куманово-Скопје и одзеле 15.000 денари.
Според полицијата, разбојниците околу 3.30 часот влегле во објектот на бензинската пумпа во атарот на селото Романовце, каде биле двајцата вработени.
Еден од разбојниците го вперил пиштолот во вработените, им се заканил дека ќе пука и им наредиле да им ги дадат парите.
Потоа одзеле од касата 15.000 денари и еден мобилен телефон и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.