×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработувања во детската градинка „Ангел Шајче“

    08.02.2018 08:17 | KumanovoNews

    Во детската градинка „Ангел Шајче“ 43 негователки, учителки и технички персонал добија решенија за постојано вработување.

    Вработувања во детската градинка „Ангел Шајче“

    Се работи за луѓе кои повеќе години работеле во градинките со нерешен работен статус, а не за ново примени работници.

    „Негователите се неминовно потребни затоа што во сите групи имаме деца далеку над проектираниот капацитет. Ако не можеме да ги прошириме капацитетите за сместување, барем просторните услови со кои располагаме да ги покриеме со вработени и да го задржиме квалитетот со кој работиме“, - изјави директорката Марина Алексовска.

    Меѓу нововработените има и хигиеничари, градинари, чувари, кои треба да ги одржуваат објектите и зелените површини на детските градинки.    

     Министерството за труд и социјална политика согласност за нови 16 вработувања дало и на крајот на минатата година, па сега вкупниот број на вработени во градинската изнесува 180.

    Директорката вели дека  поради проширување на просторните капацитети, отварањето на новите групи во Пионерскиот дом, објектот Синоличка и во селото Младо Нагоричене, како и поради интересот на родителите за втората смена, имаат најава за нова кадровска екипираност.

    “Новите вработувања се благодарение на Министерството за труд и социјална политика и нашата министерка Мила Царовска, која несебично се заложи не само за нашата градинка, туку за сите градински во државата кои имаат слични проблеми. Со подршка на Владата сите овие согласности ќе бидат реализирани и имаме најава дека ќе добиеме согласност за нови вработувања“, - додава Алексовска.

    Од Кумановската градинка се жалеа на предходната власт дека со години наназад не им давала одобренија за нови вработувања, па персоналот бил ангажиран со договор на определено време, за да може установата нормално да функционира.

    За да се подобри грижата за децата, потребно е и отворање на нови детски градинки. Капацитетот на постоечките не е доволен, па со години градинките прават листи на чекање за запишување на деца. Во Куманово за градинка чекаат 700 деца.

     Според програмата на МТСП оваа година на ниво на државата ќе има нови 200 вработувања, како прв чекор кон надминување на огромниот недостаток на кадар во градинките, поради занемарување на системот за згрижување децата во минатото.