×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За една недела 61 возило подигнато од пајак службата во Куманово

    14.10.2019 12:06 | KumanovoNews

     Во текот на изминатата недела издадени се 361 мандантен платен налог, 146 прекршочни платни налози и 61 возило е подигнато со специјално возило „пајак“.

    За една недела 61 возило подигнато од пајак службата во Куманово

    Според СВР Куманово, за една недела (07.10-14.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 164 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

    Од сообраќај се исклучени 41 возачи, 12 возачи кои управувале под дејство на алохол и 29 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

    Од сообраќај се исклучени 26 возила бидејќи биле нерегистрирани и 6 технички неисправни.

    Санкционирани се 10 поради некористење сигурносен појас, 10 поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 4 возачи поради престигнување, 2 поради непрописно престројување и едно возило поради недавање предимство на пешаци.