500x100-1
12. 09. 2019 15:20

За првпат „Арт атак“ фестивал на Градскиот плоштад во Куманово

За првпат „Арт атак“ фестивал на Градскиот плоштад во Куманово

На Градскиот плоштад  Куманово, пред Центарот за култура, наредните два дена (петок и сабота), за првпат оваа година ќе се одржи фестивалот „Арт атак“.

Првата вечер ќе се одржува паралелно на две бини, едната ќе биде кај споменикот „Жена борец“, а втората пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Ќе настапат „Avelina“, „Оf dogs & walls“, Милан Тоскиќ и Дарио Циевски,  „NBK X CANGE“, Подземен ефект“, „Фолтин“ и „Ки“.

 Помладата популација заслужува да има ваква програма која може да биде и респектабилна и посетена од граѓаните,- рече Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

Саботата е повеќе посветена на локалните диџеи: Дадо К и Мамли, Букаќа, Џарто и Игор Калц.

 Во оваа прилика ги поканувам и повозрасните да се забавуваме сите заедно. Дадо К и Мамли ќе настапат први, а потоа Букача, Џарто и Игор Калц, - рече Марио Арангеловски од Фондацијата за култура и спорт.

На градскиот плоштад ќе биде поставена и изложба на фотографии од Наташа Величковска, а Тереза Лазарев ќе има свој танцов перформанс.

Фестивалот и двете вечери започнува во 20 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Поддржан е од локалната самоуправа  и Министерството за култура, а е во рамки на програмата за одбележување 500 години од постоењето на градот.