×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Задружниот дом во Младо Нагоричaне ќе стане туристичко биро

    27.06.2018 12:07 | KumanovoNews

    Интензивно се рaботи на реконструкција на поранешниот Задружен дом во село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, кој треба да прерасне во туристичко биро.

    Задружниот дом во Младо Нагоричaне ќе стане туристичко биро

    Во реновираните простории ќе се одржуваат  и секаков вид на манифестаци, презентации, изложби, ликовни колонии и др.

    Реконструкцијата е дел од проектот „Изградба на мост на туризам“ кој се спроведува во рамки на прекугранична соработка на општините Старо Нагоричане и Рила од Р.Бугарија, преку ИПА програмата,

    „Општина Старо Нагоричане со пренамена на објектот во туристичко биро ќе создаде услови посетителите на нашата Општина да се информираат за природните богатства и културно-историските споменици кои можат да ги посетат. Ние имаме бројни дестинации кои се интересни како за туристите од Македонија, така и за странските туристи. Тука е Кокино, Црквата Св.Ѓорѓи во с.Старо Нагоричане, голем број споменици, природни убавини. На овој начин ќе се обидеме да го развиваме туризмот и да го искористиме туристичкиот потенцијал“ - изјави Давор Арсиќ, од Општина Старо Нагоричане.

    Новотот туристичко биро има одлична местоположба, се наоѓа на коридорот 8  на крстосница со две соседни држави Бугарија и Србија, што е особено значајноа развој на туризмот, поради пристапните патишта и близината за туристите кои го посетуваат овој регион.

    Реконструкцијата на поранешниот задружен дом во Младо Нагоричане е со инвестициска вредност од 274.000 евра, а проектот треба да се заврши до октомври, годинава.