×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заеднички македонски и српски служби на границата Табановце - Прешево

    01.09.2018 17:21 | KumanovoNews

    Полициските, царинските, ветеринарните, санитарните и сите останати контроли за патници и стока на Македонија и Србија се спојуваат во една служба на граничниот премин Табановце – Прешево, со што времето на чекање за влез или излез на патници и стока од двете држави ќе се скусува на пола. Ќе има само едно застанување, на Табановце.

    Заеднички македонски и српски служби на границата Табановце - Прешево

    Службите на двете држави ќе се спојат во една. Вработените од двете држави ќе седат на едно место, еден до друг, на македонска територија. Заедничкото управување ќе биде на Табановце, бидејќи ние веќе го проширивме терминалот со пари на Европската унија, пренесува порталот СДК.мк.

    Ако досега на влез или на излез патниците чекаа на пасошка или на контрола на личните карти двапати, првин на Табановце, а потоа на Прешево и губеа време со часови, сега тоа ќе биде во еден зафат.

    Ова заедничко гранично управување е предвидено во Регионалниот план за економска интеграција што се донесе лани во Трст и има голема поддршка од ЕУ и Светската банка

    Ваков модел веќе функционира меѓу Црна Гора и Албанија, но само за патници. Ние со Србија сме лидери за заедничка служба и за патници и за стока. Истиот модел ќе се воспостави и со Албанија, на граничниот премин Ќафасан, чиј терминал во моментов се проширува со пари на ЕУ.

    Утре, премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце-Прешево ќе ја најават имплементацијата на овој проект и ќе кажат точно кога ќе стартува, соопшти Владата.