×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев: Даваме силна поддршка за Куманово, ја исправивме долгогодишната неправда од минатата власт

    12.10.2019 13:37 | KumanovoNews

    Во обраќањето на трибината „На прав пат“ претседателот Зоран Заев, истакна дека Владата предводена од СДСМ ја исправи децениската неправда кон Куманово и граѓаните на овој град, кои беа целосно заборавени и значително инвестира и реализира повеќе проекти во интерес на граѓаните.

    Заев: Даваме силна поддршка за Куманово, ја исправивме долгогодишната неправда од минатата власт

    – Како Влада даваме огромна поддршка на Куманово и неговите граѓани. Денес, над 60 милиони евра се инвестираат во патната и комуналната инфраструктура во Куманово. Автопатот Миладиновци – Куманово е рехабилитиран во должина од 23 километри. Рехбилитиран е регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Дел од регионални патишта 40 години не биле рехабилитирани, рече Заев.

    -Отворивме и пуштивме во употреба нов современ Ургентен центар кој пружа здравствени услуги за кумановци но и за целиот овој регион. Адаптиран е простор во Пионерски дом за детска градинка. Веќе наредната недела ќе пуштиме во употреба две спортски сали, а се гради и Технолошката развојна индустриска зона. Инвестираме и во железницата преку реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце, порача претседателот Заев.

    Претседателот Заев им се обрати и на младите, презентирајќи ги проектите кои обезбедуваат шанса за младите луѓе.

    – Правиме се, Куманово да биде град на можности, град од кои младите нема да се иселуваат, туку тука ќе ја развиваат својата кариера и својата иднина. Преку Фондот за иновации поддржани проекти во вкупна вредност од над 300.000 евра. 13 проекти се поддржани преку ИПАРД во вредност од над 4,2 милиони денари. Преку мерката млад земјоделец, млади земјоделци од овој регион добија неповратни средства во висина од 10.000 евра.