×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заменик министер повреден на Страцин

    18.10.2010 15:25 | KumanovoNews

     Емил Димитриев (31) помошник министер во Министерството за одбрана и уште две лица утринава биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на м.в. „Чатал„ кај селото Страцин.

    Заменик министер повреден на Страцин

     Повредените биле пренесени во кратовската болница, а потоа префрлен во Воената болница во Скопје каде се наоѓаат вон животна опасност. Министерот се здобил со потрес на мозок и набиеници на градите поради што е задржан на лекување, а таткото и ќерката се пуштени дома.

    Според СВР Куманово сообраќајката се случила во 8.15 часот на раскрсницата кон Кратово.Високиот функционер кој управувал со службеното возило џип „сузуки витара„ се движел од Кратово кон Куманово,а автомобилот „шкода фабија„ која ја возел Јонче Маленко (53) од Скопје и неговата ќерка Марина (23) се движеле по магистралниот пат кон Крива Паланка. На самата раскрсницата дошло до судир на возилата при што возачите и патничката се здобиле со телесни повреди. Увид на лице место извршиле полициско судски екипи од Кратово, кои работат на утврдување на причините на несреќата и кој не ги почитувал сообраќајните правила. Се претпоставува дека министерот, кој е од Пробиштип  утрината патувал на работа во Скопје.

     Пред неколку дена исто така во сообраќајка беше повреден министерот за здравство Бујар османи.