×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заминале во Шутка да ја видат ќерката, зетот ги претепал

    14.03.2018 10:41 | KumanovoNews

    Д.Ш. (42) од Куманово, пријавил дека синоќа околу 20.00 часот во населбата Шуто Оризари, тој и неговото семејство биле физички нападнати од Б.Џ. (22) од Скопје и уште неколку непознати лица.

    Заминале во Шутка да ја видат ќерката, зетот ги претепал

    Д.Ш. претходно договорил средба со Б.Џ., со кого претходно побегнала неговата ќерка Е.Ш. (19). Кога стигнал со неговото возило „Голф 3“ со кумановски регистарски ознаки, заедно со неговата сопруга З.Ш. (39), неговиот брат Ш.Ш.  (40) и неговиот 17-годишен син, го забележале Б.Џ. со повеќе непознати лица.

    Тој веднаш почнал да го удира Д.Ш. со дрво и му нанел телесни повреди во пределот на главата и телото. Потоа се придружиле и другите лица кои физички ги нападнале сите лица во возилото “голф“, удирајќи ги со раце и нозе по главите и телата. Во еден момент Е.Ш. успеал да избега. Потоа Б.Џ. земал секира, но Ш.Ш., Д.Ш. и З.Ш. побегнале.

    Во врска со овој настан, во Полициската станица Чаир, Р.А. (61) од Скопје  пријавила дека околу 19.40 часот дошле лицата Б.Џ., Б.Д. (50) и Е.С. (27), сите од Скопје, и со секира и дрвена палка ја скршиле влезната врата и го нападнале нејзиниот внук Е.Ш.

    Од страна на Итна медицинска помош Д.Ш., Ш.Ш. и З.Ш. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“, додека Е.Ш. бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.