×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запалиле ѓубре во подрум на зграда

    28.01.2011 16:14 | KumanovoNews

    Во подрум на зграда на Градскиот плоштад, синоќа по 19 часот избувнал пожар. Непознати сторители запалиле смет во подрумот, кој за среќа не се проширил на останатиот дел од стамбената зграда.

    Запалиле ѓубре во подрум на зграда

    При тоа била оштетена дел кабелската инсталација, а не е предизвикана поголема матерјална штета. Станарите на зградата кои ја повикале противпожарната единица ги вознемирил густиот чад кој го исполнил ходникот и навлегол во нивните домови. Противпожарната единица интервенирала со едно возило и за 15 минути го изгаснала запаленото ѓубре. Станарите се сомневаат дека огинот го подметнале наркомани кои многу често престојуваат во нивниот подрум и внесуваат работи кои ги собираат по сметлишатата, а некогаш палат огин од кутии да се згрејат.Поради натрапниците станарите воопшто не ги користат подрумите затоа што се валкани и се користат како градско веце, а се плашат дека може некој да го нападне ако налетаат во незгоден момент.