×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна Есенската математичка школа

    09.10.2019 12:22 | KumanovoNews

    Во саботата, 5 октомври, започна Есенската математичка школа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

    Започна Есенската математичка школа

    Организатори се Сојузот на математичари на Македонија, а како генерален спонзор се јавува издавачката куќа Просветно дело. Есенската математичка школа 2019 е наменета за учениците од основните и средните училишта од целата држава.

    Во организација на Сојузот на математичари на Македонија, секоја сабота во октомври и во првата половина од ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржува Есенската математичка школа 2019. Таа е наменета за ученици од 4 одделение основно образование до 4 година средно образование. Со секоја возрасна група е предвидено да се работат по две теми, со вкупно 20 часа предавања, а по предавањата, предвиден е и завршен тест. Изборот на темите е приспособен на возраста на учениците, дел од темите ја надополнуваат, а дел од темите излегуваат од рамките на редовната настава по математика во училиштата. Предавачи на Школата се универзитетски професори и истакнати наставници по математика.

    „Со овој наш мал придонес во полето на популаризацијатана математиката сакаме да им овозможиме на учениците, коишто ја сакаат математиката, да имаат една можност повеќе и поквалитетно да се дружат со неа, но и со врсниците со коишто делат заеднички интереси“, - изјавуваат од Сојузот на математичари на Македонија.

    Поддржувачи на Есенската математичка школа 2019 се: Просветно дело –Скопје, Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, сите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

    „Секогаш работиме во насока на развој и поддршка на наставниот процес така што нашата поддршка ја насочуваме кон развојот на математиката во нашата држава и кон мотивацијата на учениците и наставниците“, изјавија од издавачката куќа Просветно дело.