×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна кампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“

    27.04.2018 12:47 | KumanovoNews

    Општина Куманово во соработка со СВР Куманово и ЈП „Куманово-паркинг“ започна кампања за подигање на сообраќајната култура и свест на сите учесници во сообраќајот, како и  за ослободување на тротоарите од неправилно паркираните автомобили во градот.

    Започна кампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“

    Во следниот период ќе бидат поделени флаери во кои ќе се бара од несовесните возачи да ги тргнат автомобилите од узурпираните површини и да отстапат простор за непречено движење на пешаците.

    „Имаме за цел во следниот период да се посветиме на едукација на сите несовесни возачи во нашиот град и да упатиме една јасна порака дека тротоaрите се сообраќајни површини кои се наменети исклучиво за пешаците. Сите наши граѓани имаат право слободно да се движат по сообраќајните површини“,- изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој заедно со учениците од основните училишта и лицата со инетелектуална попреченост од „Порака Наша„ поделија флаери на возачите и пешаците  во централното градско подрачје.

    Отстранувањето на непрописно паркираните возила ќе започне од централното градско подрачје и најфрекфентните делови на градот на улиците: „11 Октомври“,„Гоце Делчев“,Зелениот пазар, а ќе продолжи на „Трета МУБ“, „Октомврсиска револуција“ и на останатите улици.

    Откако започна акцијата „Нулта толеранција за непрописно паркирање„ пајак службата дневно подига околу 20 возила.

     „Во акцијата имаме неселективен пристап за решавање на проблемот со непрописно паркирани возила на пешачки патеки, раскрсници и други сообраќајници, да го подобриме движењето на пешаците би да бидат побезбедни“ - изјави началникот на полиција Стојанче Величковиќ.

    Градоначалникот ги повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи во најкраток рок ќе започне изградбата на катните гаражи.

    Во тек е изградба на тротоари на повеќе локации во градот, како и поставување на лежечки полицајци се заради поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.