×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна модернизација на уличното осветлување во Куманово

    18.09.2019 09:19 | KumanovoNews

       Приватната фирма што го доби тендерот за модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Куманово започна со имплементација на проектот.

    Започна модернизација на уличното осветлување во Куманово

    Вчера се поставени првите лед светилки во селата Брзак и Агино село, а потоа следуваат селата Романовце, Уминдол, Ново Село и Љубодраг.

    „Паралелно ќе оди замената на постоечките светла во градот и приградските населби.Во следните четири месеци ќе бидат заменети околу десет илјади постоечки светлечки тела на територијата на целата Општина. Добиваме квалитетно осветлување, енергетска ефикасност и намалено затоплување и емисија на цо2 гасови“, - објави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Секој столб ќе биде означен со сериски број, локација и контакт телефон за пријавување на евентуален дефект.

    Со тоа започнува практична примена на јавно-приватно партнерство на „ИЦС системи“ од Прага, со подружница во Охрид, со Општина Куманово, која го доби тендерот за модернизација и одржување на јавното осветлување во градот.

    Компанијата треба да вложи 4,7 милиони евра во осовременување и модернизација на системот на осветлување на 9.340 светлечки места, а со него ќе стопанисува 10 години.

    Досега со осветлувањето стопанисуваше ЈП „Куманово-паркинг“, а ова е прво јавно-приватно партнерство во Општина Куманово.

    Потребата од јавно-приватно партнерство градоначалникот Максим Димитриевски ја правдаше со неможноста Oпштината и ЈП „Куманово-паркинг“ да одвојат доволно средства за одржување на јавното осветлување, поради што граѓаните постојано се жалат на квалитетот на услугата.