×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна пријавувањето за рели трката „Калин Камен“

    14.05.2018 08:20 | KumanovoNews

    Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“ на 24 мај ќе ја организираат десеттата јубилејна рели  трка „Калим Камен “.

    Започна пријавувањето за рели трката „Калин Камен“

     Сите заинтересирани граѓани своето учество можат да го пријават до крајот на неделата 20 мај.

    Манифестацијата има ревијален карактер и се одржува под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“. Должината на патеката е 74 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв (2.085 метри надморска височина).

    Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски. На Царев Врв е договорена средба со рели учесниците од соседните општини.

    Ова е одлична можност да ги запознаете убавините на Осоговските Планини и заеднички да ги промовираме културно-историското и природното наследство на регионот, - порачуваат од Општина Крива Паланка.