×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна уписот на првачиња

    12.05.2010 14:34 | KumanovoNews

     Во новата учебна година во Општината Куманово во прво одделение ќе се запишат околу 2500 ученика. Родителите своите деца ќе ги запишуваат овој месец  во психолошко-педагошките служби во најблиското регионално училиште.

    Започна уписот на првачиња

     Родителите треба да донесат оригинален Извод од матичната книга на родените на детето и потврда дека навреме се примени задолжителните вакцини. Во нашето училиште запишувањето е во тек и досега сме задоволни од одзивот на родителите. Половина деца од регионот се запишани,но интересно е оваа година тоа што имаме повеќе деца од подалечните региони кои се заинтересирани за упис во нашето училиште.Апелираме сите родители навреме да си ја исполнат својата обврска за да се запази временскиот рок за упис на нивните деца и да не се чека последен момент - вели  Александар Саздевски директорот на ОУ „Крсте Мисирков„.

     Учителките од оваа училиште ги посетиле децата во градинките,каде им подариле цд и флаери со инструкции и информации за она што ги очекува во училишните клупи.

    Одделението за управни работи при МВР до сите основни училишта доставило список на сите училишни обврзници,а доколку се забележат отстапки од списокот во реонот се апелира да бидат пријавени навреме и да се извести во кое  училиште детето ќе биде запишано.

    Уписот досега тече во најдобар ред во 10- те основни училишта од кои две се на албански јазик-вели Миле Стојменовски раководител на секторот за образование при Општина Куманово.

    Сите родители кои нема да го запишат своето дете ќе бидат казнети и кривично ќе одговараат за нивното несовесно однесување.