×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Застана изградбата на монтажната катна гаража

    19.02.2019 15:13 | KumanovoNews

    Прекината е изградбата на монтажната гаража пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Застана изградбата на монтажната катна гаража

    Поради несоодветна асфалтна подлога на местото каде треба да се постави објектот, веќе десетина дена на градилиштето ги нема механизацијата и работниците.  Граѓаните љубопитно застануваа и го разгледуваат оградениот простор, прашувајќи се што се случува.

    Од Општина Куманово информираат дека работите се пролонгираат извесен период додека да се направи реконструкција и замена на постојниот асфалт, но дека се ќе се заврши во предвидениот рок.

    „Во текот на изведувањето на монтажната катна гаража во центарот на градот, од страна на изведувачот е утврдено дека е потребна дополнителна реконструкција на асфалтна подлога и нејзина целосна промена, како и други градежни работи во дел на одржување на постојната сообраќајна површина. Ваквите градежно-оперативни работи ја пролонгираат изградбата на овој објект, но се очекува во текот на месецот март, истиот да биде ставен во функција за граѓаните,- стои во информацијата од Општина Куманово за Кумановоњус.

    Изградбата на монтажната катна гаража на површина од 1200 метри започна на 17 јануари годинава, чини 15.220.000 денари, а тендерот го доби фирмата ГЕО-ИНГ од Делчево. Не е познато дали дополнителните градежни активности ќе ги врши истата фирма или ќе се бара нова, и дали тоа ќе ја зголеми цената.

     Изградбата на монтажната катната гаража во центарот на Куманово ги подели граѓаните. Додека локалната власт смета дека таа ќе го реши проблемот со паркирањето во централното подрачје, стручната јавност и дел од граѓаните тврдат дека вакви монтажни објекти се поставуваат на периферија, а не во центарот на градот каде се руши естетскиот изглед, и истовремено се затвора единствената поголема површина која покрај за паркирање се користеше и за културни настани.