×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затвореник ја убил старицата во Ранковце

    12.01.2011 14:51 | KumanovoNews

    Игор М. (35) од Ранковце е осомничен дека го извршил убиството на бајачката Трајка Незировска (69) од истото село.  Убиството се случи на 23 декември мината година, откако Игор излегол на викенд од затворот Идризово.

    Затвореник ја убил старицата во Ранковце

    Според полицијата осомничениот дошол во маалото Ќурчинци и провалил во две куќи, но откако не пронашол пари, испланирал да ја огради старицата која живеела сама.

    Критичниот ден ја забележал Трајка, но мислејки дека отишла да купи леб влегол во нејзиниот двор да ја ограби.  Кога видел дека е во помошната просторија, не и дозволил да излезе, и побарал пари. Старицата му дала 200 денари, по што на сила од џебот и одзел уште 3.000 денари. Незадоволен од добиените пари ја врзал за столицата, по што со селотејп лента и ја залепил устата. Излегол од помошната просторија која ја заклучил, и влегол во нејзината куќа, ја пребарал, но откакои не нашол пари си заминал во неговиот дом. Наредниот ден се вратиЛ во КПУ „Идризово“, каде по неколку дена слушнал дека Трајка починала.

    Со извршена ДНК анализа утврдена е дека  Игор го извршил убиството.

    Трајка била повлечена жена и баела во селото, поради што останатите селани ја почитувале.

    Игор М. се наоѓа на издржување на казна затвор поради сторени 63 тешки кражби и кражби на подрачјето на Крива Паланка и Скопје.