×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Завршена педолошката анализа на земјиштето во Старо Нагоричане

    29.12.2009 14:48 | KumanovoNews

    Во Општината Старо Нагоричане заврши проектот за изработка на педолошка анализа за земјиштето од Факултет за земјоделски науки и храна од Скопје.

    Завршена педолошката анализа на земјиштето во Старо Нагоричане

    Презентацијата  ја одржа проф-др. Јосиф Митричевски, кој ги изнесе  согледувањата за целокупните испитувања на ниво на Општината и препорача мерки за натамошната обработка на земјиштето.

    Резултатите покажаа дека земјиштето во Општината не е насекаде со подеднаков квалитет. Во зависност од структурата на почвата, беа дадени насоки на зeмјоделците како понатаму да ја обработуваат, прихрануваат и што да  садат - вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    Презентацијата предизвика голем интерс кај  жителите, особено што од новите сознанија ќе зависат и понатамошните активности на земјиштето. Професорот Митречевски им вети на жителите дека во понатамошниот период Факултетот секогаш е отворен за соработка со Општината Старо Нагоричане.

    Со Факултетот за земјоделство ќе се реализира и проектот за изградба на ботаничка градина во селото Стрновац. Термалните води и местоположбата покрај реката Пчиња се само дел од причините поради кои е одлучено градината да се гради на подрачјето на општината Старо Нагоричане.