×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши кампањата „Доста!Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“

    06.12.2018 09:32 | KumanovoNews

      Изложба на цртежи и слики изработени од ученици од основните и средни училишта од Куманово беа поставена на завршнатa манифестација на кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“, која ја реализираше Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово.

    Заврши кампањата „Доста!Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“

     Кампањата  започна пред една година и има за цел да ги едуцира учениците во основните и средни училишта за надминување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

    - Кампањата Доста ги даде резултатите коишто ги очекувавме.Тоа го покажуваат и изложените слики кои многу повеќе зборуваат од тоа што некој може да го каже. Доста е од поделби, предрасуди, омраза.  Доста е за оние кои ги прекршуваат правата на децата. Да и дадеме шанса на љубовта, на разбирањето и на подобра иднина на сите нас. Горд сум што Националниот ромски центар заедно со вас успеа достоинствено и позитивно да го продолжи патот и да ја оправда довербата што ја доби од Советот на Европа за спроведување на кампањата, - рече во своето обраќање директорот Ашмет Елезовски.

    На завршната манифестација беше прикажан документарен филм, а беа доделени сертификати за учениците од сите основни и средни училишта, кои беа вклучени во кампањата преку ликовната уметност да го искажат своето мислење за борба против дискриминација  и нетолеранција.

    Работилници се релизираат во повеќе европски градови, со цел да се испрати порака за намалување на погледите на нетолеранција, дискриминација и расизмот кон Ромите.

    „Ромска Гордост“ е кампања преку која се манифестира еднаквост и достоинство во повеќе земји во Европа, со цел да се поттикнат младите да се борат за својата иднина и да го искористат правота на добро образование, кое ќе им овозможи да го најдат својот пат, да го обликуваат сопствениот живот, без ограничувања наметнати од расизмот.