×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши првата фаза од проектот за развој на општествена одговорност

    23.08.2018 22:18 | KumanovoNews

    Претставници од локалната самоуправа, јавни претпријатија, државни, образовни и културни институции, присуствуваа на последна фокус група во рамките на проектот „Развој на општествена одговорност“, која ја спроведува ТВ Плус и Фондацијата отворено општество Македонија.

    Заврши првата фаза од проектот за развој на општествена одговорност

    На работилницата беа мапирани проблемите со кои се соочуваат институциите при соработката со локалната администрација.

    Како најзаначајни во досегашните истражувања се покажаа комуналните и инфраструктурни проблеми, заштитата на животната средина, економскиот развој, развојот на културата и спортот и др.

    – Веќе голем дел од проблемите се повторуваат при секоја фокус група што значи дека полека доаѓаме до оние најважни проблеми кои ги засегаат граѓаните. Апелираме до граѓаните да бидат општествено одговорни и истрајни во намерата да се изврши притисок врз надлежните локални институции да изнајдат решение за проблемите со кои се соочуваат во секојдневното живеење,- изјави Драган Ивановски, координатор на проектот.

    Списокот на приоритети ќе се достави до надлежните и градоначалчникот и ќе се бара нивно решение.

    Во рамките на проектот ќе бидат емитувани и 16 емисии во кои ќе гостуваат претставници на локални и државни институции, кои ќе бидат соочени со проблемите и идејните решенија на граѓаните.

    На претходните две спроведени фокус групи учествуваа медиумите и невладините организации, како и младите кои дадоа креативни идеи како да се подобри животот во градот.