×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши реконструкцијата на канализационата мрежа во Куманово

    09.02.2018 13:58 | KumanovoNews

    Куманово доби 26 километри реконструирана и нова канализациска мрежа вредна 4 милиони евра, финансирана од Европската унија и Министерството за животна средина.

    Заврши реконструкцијата на канализационата мрежа во Куманово

    Со проектот за подземната инфраструктура опфатени се 54 улици и локации во Општината, а се работеше 14 месеци.

    На свеченоста по повод завршувањето на проектот градоначалникот Максим Димитриевски, истакна дека во Куманово по пет века од неговото постоење, сè уште во централното градско подрачје има турска калдрма и гирис канал, поради што мора да се работи на подобрување на квалитетот на животот во градот.

    „Куманово нема елементарна инфраструктура. Само 10 отсто од мрежата е на колекторски систем за атмосферски води во градот, а фекалниот систем во урбаните средини е развиен некаде околу 60 отсто, а во руралните до 20 проценти. Затоа овој проект е од големо значење за општината. Во иднина ќе работиме повеќе на вакви проекти за да ги решиме тие прашања“, рече Димитриевски.

    Во овој проект на ИПА ЕУ инвестираше повеќе од 3 милиони евра. Евроамбасадорот Самуел Жбогар кажа дека со реконструкција на канализацијата покрај подобрување на квалитетот на водата во Куманово, ќе се подобри квалитетот на водата во реката Пчиња, подземните води и самата почва, меѓутоа што е најважно ќе се намалат ризиците по здравјето на граѓаните.

    „Овој проект што го завршуваме денеска е само дел од една сеопфатна важна помош од ЕУ која што е наменета за секторот животна средина. Давање поддршка на овој сектор останува и понатаму приоритет и во следните години на Европската унија. Скоро 113 милиони евра се веќе ставени на страна за Република Македонија во следниот период 2014- 2020 година. Заштитата на животната средина е наша заедничка цел и можеме тоа да го постигнеме само преку заеднички напори. ЕУ останува подготвена да помогне и со други иницијативи поврзани со овој сектор за да може да работиме заедно за обезбедување на подобра иднина за сите нас“, кажа Жбогар.

    Тој додаде дека значаен проект за Куманово и североисточниот регион во наредниот период е изградбата на регионална депонија, кој ќе се реализира со поддршка на ЕУ.

     Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, истакна дека со реализација на овој прoект ќе се подобри и работењето на ЈП „Водовод“, а ќе се зголеми и ефикасноста на пречистителната станица.