×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените на ДПСМ ќе бираат ново раководство

    03.03.2010 08:36 | KumanovoNews

    Активот на жените на Демократската партија на Србите во Македонија од Куманово, вечерва во големата сала на поранешен Комитет ќе одржат редовно избирачко Собрание на кое ќе биде избрано ново раководство.

    Жените на ДПСМ ќе бираат ново раководство

     -Мојот мандат истече и поради работните обврски во Скопје, нема повторно да се кандидирам, туку моето место ќе го препуштам на друга жена. Имаме нови луѓе, кои со својата работа заслужиле да бидат во раководството на општинската организација. Активот на жените ќе биде освежен со нови имиња, бидејќи имаме прилив на членови, посебно жени во партијата- рече претседателката Весна Бабиќ-Петровска, директор на Агенцијата за оставарување на правата на заедниците.

    Неофицијално дознаваме дека нова претседателна на жените на ДПСМ ќе биде Емилија Томиќ, советничка во Советот на Општината Куманово. Изборното Собрание е закажано во 18.00 часот.

     Изборот на новото раководство жените ќе го прослават во ресторан Грација, на коктел по повод 8 Март празникот на жените.