×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените во Куманово дискриминирани?

    25.02.2010 12:01 | KumanovoNews

    Жените во Куманово се дискриминирани и не се рамноправни со мажите во политичкиот и општествениот живот во градот. Ова го покажало последното истражувањето за родовата еднаквост, спроведено од  Женскиот центар, а во функција на утврдување на примената на Законот за еднакви можности во сите институции.

    Жените во Куманово дискриминирани?

    Тој однос е сеуште дискриминаторски. Да го погледнеме влијанието на жената во процесот на одлучување на локално ниво. Во Општина Куманово имаме 8 советнички и 25 мажи. Еве ќе ви кажам еден пример, ако во Советот треба да се изгласа некоја одлука, жените мораат да лобираат кај мажите за да го подржат предлогот. Поради тоа мора да се зголеми бројот на жената во одлучувачките структури, не само во политичките партии туку и во институциит на системот и на сите места каде што се има некакво влијание - вели Виолета Петровски, претседателка на Кумановка.

    Испитувањето на невладините организации покажале дека има одредено напредување во образованието и некои други институции, но тоа сеуште не е задоволително. Со тврдењата на Петковска не се согласува претседателот на Советот, Виктор Цветковски.

    Далеку од тоа дека жените во Советот на Куманово се дискриминирани.Би признал само една работа дека во Македонија учеството на жените е врзано со законските норми. На листите на партиите немаше повеќе жени од она што го даваа минималните можности, а тоа е само 30 одсто. Политичка воља постои  и учеството на жените во политиката е се поголемо, ние мажите треба да им дадеме поголем простор, но и тие самите мораат да се изборат за нивното учество - вели Цветковски.

    Според него, Општината може да се пофали со високо учество на жените како директорки на училишта и јавни установи, раководители на сектори и советнички.

    За да се подобри положбата на жената во регионот, Женски Центар, уште во предходниот мандат формирал  Клуб на жени советнички, како независно тело што ќе работи на родовата еднаквост. Неговата пректична примена треба да заживее оваа година и да ги даде првите резултати од функционирањето.

    Законот за еднкави можности на мажите и жените стапи на сила во јануари 2007 година. Невладниот сектор во изминатите две години вршеше мониторниг на спроведувањето на Законот на централно и локално ниво. Истражувањата ги вршеше Здружението на граѓани Акција Здруженска и Женскиот центар.