500x100-1
24. 02. 2010 16:13

Зголемен бројот ма мозочни удари

Зголемен бројот ма мозочни удари

Во првите  два месеци од годинава на Нервното одделение во кумановската болница 52 пациенти доживеале мозочен удар. Според, информациите од лекарите на одделението, последниве години се бележи благ пораст на лица кои заболуваат од исхемичен и хеморагичен мозочен удар.

„Ако до пред десетина години ,долната граница на лица кои што доживуваа мозочен удар се движеше до 65 години, сега границата е доста намалена, така што заболуваат лица со 45 години“ - вели др. Горан Манов, началник на Нервното одделение.

Како најчести причини за настанување на мозочните удари се пушењето, алкохолот, нередовната и неквалитетна исхрана, дебелината и стресот.

Лани во болницата биле лекувани 243 лица од кои поголемиот дел со исхемичен мозочен удар.