Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бројот на запишаните ученици Роми во основните и средните училишта во државата во последниве три години пораснал за 40 одсто, соопштуваат од Националниот ромски центар.
"Крајна цел е да ги надминеме бариерите со кои се соочуваат ромските деца при влегувањето во училиштата. Има резултати, бидејќи се зголеми бројот на учениците кои не само што посетуваат настава, туку и покажуваат одлични резултати. Тие имаат проблеми по различна осонова, социјални, економски и психолошки кои неповолно може да се одразат на обазовниот процес"- вели Ашмет Елезовски
од НРЦ-Куманово. Ромките деца се застапени во скоро сите училишта во Куманово, но сепак целта на владиниот и невладиниот сектор е бројката да изнесува околу 95 проценти. Националниот Ромски Центар ќе продолжи со проектите од сферата на образованието и во 2010 година и со активности за издавање документи за лицата кои немаат никаква идентификација. Најголем дел од овие граѓани се ранливи категории, социјално загрозени лица, самохрани родители и хендикепирани
лица.