×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен е бројот на деца со деформитет на рбетот

    23.02.2010 16:31 | KumanovoNews

    Зголемен е бројот на децата до 14 години што имаат сериозни аномалии на рбетниот столб. На оддлението за физикална терапија во изминатиот период младите најчесто доаѓаат со дијагнозата-кифоза на рбетот. Основата причина за деформитетите е недоволната физичка активност на учениците како и неправилната исхрана.

    Зголемен е бројот на деца со деформитет на рбетот

    Во училишта многу малку се води сметка за правилниот физички развој на детето. Не се обрнува доволно внимание за редовна фискултура, а тука се и несоодветните ранци што ги носат децата како и неправилното држење во училишните клупи - вели д-р Јордан Пачков од  Одделението за физикална терапија.

    За да се справат со оваа болест, лекарите од Физикална размислуваат да спроведат повеќе активности кои би ги реализирале во соработка со училиштата.

    Размислуваме да одржиме трибина или едукативни предвања за време на класните часови или на часот по физичка култура, со цел да се подигне свеста кај професорите и учениците.Апелирам и до родиителите, да обрнат повеќе внимание на своите деца кога е во прашање правилниот физички развој - вели д-р Пачков.

    За правилен развој на рбетот како најсоодветен спорт, експертите го препорачуваат пливањето. Децата од Куманово се хендикепирани по ова прашање и немаат можност да го практикуваат овој спорт.