×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен посебниот додаток за лица со посебни потреби

    04.07.2018 05:21 | KumanovoNews

    Со одлука на Влада донесени се измени и дополнувања на Законот за заштита на децата.

    Зголемен посебниот додаток за лица со посебни потреби

    Со измените е предвидено зголемување на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон.

    Предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата ги содржи следниве решенија:

    Износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата се зголемува од 4.202 денари  на 5.021 денари. Исто така самохраните родители коишто  имаат дете со специфични потреби со пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години наместо досегашните 6.303 денари  ќе добиваат сума од 7.351 денар. За материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална помош и постојана парична помош, а коишто имаат дете со специфична потреба до 26 години  додатокот се зголемува од 5.252,50 денари  на 6.276 денари.

    Овие измени се само дел од стратегијата на Министерството за труд и социјална политика за подобрување на финасиската состојба и условите за живот на најранливите групи на граѓани.