×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жител на Ропаљце пронајден мртов

    11.05.2010 20:15 | KumanovoNews

    Беживотното тело на Шериф Салихи (29) од липковското село Ропаљце попладнево било пронајдено во нива во атарот на Ново Село. Телото во 18 часот го пронашла полицијата откако Салихи неколку дена го немало дома. 

    Жител на Ропаљце пронајден мртов

    Вчера сопругата го пријавила исчезнувањето во полциската станица во Матејче. Во потрага по исчезнатиот се вклучиле и жителите од Ропаљце. Со кучиња трагачи, беживотното тело на Салихи е пронајдено со прострелни рани од огнено оружје во пределот на грбот. И покрај негодувањето на членовите на семејството, телото на убиениот е пренесено на вештачење во Институтот за судска медицина во Скопје.

    Мотивите за убиството не се познати, а полицијата се соменева дека  го извршил член од семјеството со кои Салихи биле скарани.

    СВР Куманово, работи на откривање на мотивите и деталите за убиството.