500x100-1
01. 03. 2010 15:09

Жителите на Липково добија Одделение за социјални работи

Жителите на Липково добија Одделение за социјални работи

Во Општината Липково  беше предадено во употреба Одделение за социјални работи. Отварањето на подрачното одделение што ќе биде сместено во зградата на Општината ќе се овозможи граѓаните на Липково побрзо и поефикасно да ги остварат правата од социјална заштита.

 Целта на овој центар е услугите на надлежното министерство да бидат подостапни до граѓаните,а не како досега за некоја минимална административна работа да се патува по 20 километри до градот - изјави Џељаљ Бајрами министер за труд и социјална политика,при отварањето на Одделението.

Општината Липково брои 30.000 жители од кои 3.000 семејства се корисници на социјална помош по разни основи.


Жителите на Липково добија Одделение за социјални работи