×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Жито маркети“ повторно во Куманово

    18.07.2018 11:37 | KumanovoNews

    Компанијата „Жито маркети“ денеска  повторно отвори малопродажен маркет во Куманово. Во присуство на менаџментот, голем број на деловни пријатели и гости, како и граѓаните на Куманово, на свеченоста беше пресечене лента и означен почетокот на работата на новиот маркет во градот.

    „Жито маркети“ повторно во Куманово

    Маркетот се простира на површина од 200 м2 + 50 м2 магацински простор, располага со 2 каси, широк асортиман на производи и месара.

    „Среќни сме што повторно ќе можеме секојдневно да ги задоволуваме потребите на нашите верни потрошувачи во Куманово. Широкиот асортиман од домашни и странски производители, многубројните акции, најдобрите цени, квалитетната услуга, како и до сега ќе бидат наша предност. Оваа година е од особено значење за „Жито маркети“, година која одбележува 30 години од постоењето на компанијата. Во знак на јубилејот спроведовме повеќе промотивни активности, а најголем дел од нив посветивме на нашите најлојални потрошувачи, членови на клубот на верни потрошувачи. Драго ни е што и кумановчани ќе бидат дел од сите тие бројни промотивни активности на „Жито маркети“, – изјавија од менаџментот.

    Отворањето на новиот „Жито маркет“ во Куманово ќе обезбеди нови 11 вработувања.

    Новиот трговски дуќан се наоѓа на улицата „Октомвриска Револуција“, бр.1/1, во просториите на поранешната продавница „Промес“.