×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Златибор со посебни попусти за македонските туристи

    15.06.2010 06:35 | KumanovoNews

     Туристичката организација „Златибор„ од Србија ја избра Македонија за држава партнер за промоција на својот туризам и понуди посебни поволности за граѓаните, кои годинава сакаат да одмараат на Златибор.

    Златибор со посебни попусти за македонските туристи

     На презентацијата на своите капацитети пред новинарите и туристичките работници од Македонија, домаќините на Златибор покажаа дека имаат што да понудат и знаат како да ги пречекаат и привлечат туристите.

    Ние секоја година избираме држава и град пријатели со кои ја интензивираме нашата соработка. Оваа година одлучивме тоа да биде Македонија и Бања Лука. Бројот на гости од Македонија е се поголем и затоа, како на држава партнер одобруваме попусти за речиси сите хотели и одмаралишта. Тие попусти се движат од 5 до 20 одсто во зависност од објектот и се однесуваат на сите граѓани на Македонија кои во текот на оваа летна сезона и во зимската туристичка сезона 2010/2011 година ќе дојдат кај нас. Македонците се едни од најдобрите гости. Ние имаме само позитивни искуства со нив, бидејќи сме со сличен менталитет и многу добро се согласуваме. Најважно е што се позитивни, сакаат да се забавуваат, ја сакаат нашата традиционална храна, а ние тоа го нудиме - вели  Арсен Ѓуриќ, директор на Туристичката организација „Златибор„.

    Во туристичкиот центар Златибор има 7 хотели и десетина помали одмаралишта, пансиони и преноќишта со капацитет од 4,5 илјади гости и 15 илјади кревети во луксузни вили, викендички и апартмани во приватно сместување. Во тек е изградба на неколку хотели од висока категорија, а се реновираат старите и градат велнес и спа центри за модерен туризам. Ски центрот Торник функционира и во летниот период, а жичарницата се користи за панорамско разгледување на Златибор.

    Во текот на годината на Златибор престојуваат над 250 илјади гости и се остваруваат над милион ноќевања, поради што е лидер во планинскиот туризам и најпосетувано туристичко место во Србија.

    Посетата на Златибор ја организираше Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „Спона„ во соработка со Туристичката организација „Златибор„.

    Прва активност на „Спона„ беше туристичка презентација на Златибор. Туристичката организација „Златибор„ и Стопанската комора на Македонија веќе потпишаа договор за соработака, а потоа се роди идејата преку „Спона„ да се организира посета на новинарите и туристичките агенции од Македонија на Златибор. Агенциите слабо го нудат Златибор, а граѓаните не се до крај запознаени со убавините на ова туристичко место и затоа беше потребно да се претстави. Се спроведе оваа активност на задоволство на двете страни и сега ги очекуваме резултатите - вели Милутин Станчиќ, претседател на КИЦСМ „Спона„.

    Гостите од Македонија имаа можност да ги посетат: Ски-центрот Торник, Музејот на отворено Сирогојно, Стопиќ пештерата, Дрвен град-Меќавник,етно село на режисерот Емир Кустурица, водопадите Гостиље и останатите природни убавини на планината.

    Златибор се наоѓа во Западна Србија и од Куманово е оддалечен околу 350 километри. Просечната надморска височина на Златибор е 1.000 метри, а највисокиот врв Торник се наоѓа на 1.496 метри.