×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аца Лукас направи одличен концерт во Куманово

    11.11.2011 14:52 | KumanovoNews

    На преполниот Градски плоштад,синоќа пееше српскиот фолк пејачот Аца Лукас. Публиката 2 часа уживаше во старите и нови хитови на кралот на сплавовите, како го нарекуваат медиумите.

    Аца Лукас направи одличен концерт во Куманово

    Концертот го започна со легендарната „Лична карта“  и публиката  ја освои на прва.  Како хронолошки се редеа хитовите „Бај пас“, „Моја песна е од бола“ и другите, атмосферата стануваше се пожешка. Со кренати раце и во еуфорично расоположение хорски се пееше и се играше на кафанските хитови на Лукас. Како стар рокер, Лукас отпeја неколку песни од негови колеги Рибља Чорба, Бело Дугме, Џеј, Тома Здравковиќ и други. Песната „Не слушај мајко“ ја посвети на неговата мајка, па пред публиката изрецитира една строфа. Се заблагодари на локалната самоуправа што токму него го избра за прослата на празникот, и направи одлична журка. На концертот поголемиот дел од публиката беа млади луѓе, а помало беше присуствито на повозрасните. Големиот концерт заврши со спектакуларен огномет.