500x100-1
11. 09. 2019 11:36

Бонтон правила за убаво однесување во друштво

Бонтон правила за убаво однесување во друштво

Сите сме слушнале за изреката: за првиот впечаток, никогаш нема вторпат. Заради истата причина, професорката Весна Пешиќ, во својата книга „Бонтон“, нуди неколку начини како да се однесувате во друштвото, за да бидете добро прифатени.

-Првото правило за да оставите добар печаток во друштвото е да се однесувате со останатите онака како што би сакале и тие да се однесуваат со вас.

-Секогаш бидете културни и цивилизирани.

-Пронајдете ја мерата, односно не зборувате се` што ќе ви падне на памет, а пак немојте и некому премногу да му ласкате.

-Избегнувајте постојано да зборувате или пак постојано да молчите.

-Избегнувајте го оговарањето, особено доколку станува збор за некоја личност која не е присутна.

-Доколку некоја тема на разговорот не ви е доволно позната, не треба премногу да дискутирате, зашто незнаењето секогаш доаѓа до израз.

-Не трудете се во секој момент да бидете во центарот на вниманието.

-Не омаловажувајте, не навредувајте и не потценувајте, затоа што така најмногу се деградирате себеси.

-Пожелно е да бидете духовити, но внимавајте, шегата никогаш не смее да се претвори во навреда.

-Не употребувајте пцовки постојано.

-Не наметнувајте тема на разговор за која друштвото не сака да зборува.

-Ако на некого нешто сте ветиле, а не сте го исполниле, не заборавајте да се извините.

-Не ги присилувајте да пијат алкохол оние луѓе кои не пијат.

-Бидете умерени при пиење на алкохол, затоа што може да бидете мета за потсмев.

-Доколку се случи некоја несреќа, не се држете строго до бонтон правилата, туку обидете се на секој начин да помогнете.

- Иако со пријателите се однесуваме послободно за разлика со познаниците, сепак не треба да се изостава љубезноста и кога станува збор за пријателите.