500x100-1
28. 12. 2009 15:39

Бритни најбарана личност

Бритни најбарана личност

Според податоците на истражувањето на порталот „ask.com“ најбарана личност на Интернет во изминатите десет години е познатата холивудска ѕвезда Бритни Спирс (28).

Корисниците на интернетот во првата деценија на 21 век најчесто ја барале Бритни, додека на второ место е навистина најбараниот човек на планетата Осама бин Ладен.

Тоа што оваа поп принцеза го зазема првото место не изненадува многу затоа што таа во изминатите години има направено многу повеќе отколку еден човек за цел живот.

Од 1992 година Бритни за прв пат се има појавено на американската национална телевизија и од тогаш е на насловните страни на сите светските таблоиди.

Скандалите како венчавката за „една ноќ“ киднапирање на сопствените деца и на крај психијатарска клиника и допринесе ова да стане нејзина деценија во која има продадено околу 85 милиони албуми. Покрај Бритни и Осама третото место го зазема фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, а на четврто е трагично загинатата британска принцеза Дајана.

Бритни најбарана личност