500x100-1
07. 10. 2019 12:52

Четири правила за успешен јавен говор

Четири правила за успешен јавен говор

Секој знае да говори, меѓутоа најчесто проблемот настанува кога некој треба да има јавен настап.

Тремата и изложеноста пред голем број на луѓе, честопати говорникот го парализира и многупати го наведува да се откаже од јавниот настап или неговиот настап да биде катастрофален.

Леонардо Ди Каприо, на почетокот од својата кариера, кога се наоѓал во ситуација да држи говор, имал голема трема. Актерот признал дека стравот од јавно говорење,  бил поголем од желбата да добие важна филмска награда. Но денес, Леонардо ги нема тие проблеми, што значи дека тремата од јавно говорење со сигурност може да се намали.

* Неколку правила кои треба да ги знаете за за јавното говорење:

1. Пристигнете порано пред настапот

Честопати непознатото место може да предизвика забуна кај вас. Затоа дојдете порано пред настапот, за да видите каде ќе стоите, каде ќе биде упатен вашиот поглед, каде ќе се наоѓа публиката и задолжително проверете го микрофонот.

2. Бидете внимателни со воведот

Доколку сакате да го задржите вниманието на оние кои ве слушаат (пример, на публиката), потребно е во првата реченица да употребите нешто кое ќе ги шокира или потикне на размислување. Секогаш во секоја приказна мора да имате централно прашање кое ќе го поставите.

3. Испијте неколку голтки вода пред настапот

Доколку поради тремата ви се сушат усните, тогаш пред јавен настап испијте неколку голтки вода или ставете си чаша вода пред вас, за време на настапот.

4. Не бидете рамнодушни

Ако сте рамнодушни додека зборувате и публиката ќе биде рамнодушна. Покажете ги искрените емоции поради кои го држите говорот. Никој не сака да слуша монотон долг говор за кој и самиот говорник едвај чека да заврши.