Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Прекинувањата на дишењето во текот на спиењето, познати и како слип апнеа, можат да имаат далекусежни негативни последици.
Овие прекинувања во дишењето можат да траат и по десет секунди, да се појават дури и повеќе од шест пати во текот на ноќта и да бидат проследени со 'рчење.
* Дали сите луѓе кои 'рчат имаат здравствен проблем?
Лекарите велат дека не секој кој 'рчи има некој проблем, но доколку неговото 'рчење е пропратено со некој од овие симптоми, тогаш задолжително треба да оди на лекар.
* Видови на слип апнеа
-Најчестата слип апнеа е опстипациската: мускулите задолжени за процесот на дишење продолжуваат да работат, но доаѓа до целосно и делумно затворање на дишните патишта.
- Централната слип апнеа настанува кога дишните мускули не одговараат на нервните импулси кои им ги праќа центарот за дишење.
* Дијагнозата се поставува врз основа на ОРД преглед, назофарингоскопија и полисомнографско испитување.
*Последици од нелекување
Долго нелекуваната состојба може да доведе до покачен крвен притисок, зголемен ризик од покачување на шеќерта, како и мозочен и срцев удар. Истражувањата покажуваат дека овој проблем кој најчесто се занемарува, може на човекот да му го скрати животот за цела деценија. Лесната апнеа може да се регулира со внимавање на телесната тежина, здрава исхрана и физичка активност, додека за средната и тешката апнеа е потребен уред со кој лицето ќе може да уфрла воздух во горните дишни патишта.Не занемарувајте го овој проблем!