500x100-1
04. 10. 2019 09:36

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (04.10.2019)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (04.10.2019)

Дневен хороскоп

Овен

Морате да се насочите кон она што ви остана за работа од претходната недела, иако тоа ви паѓа многу тешко. Мозокот ви е на десетта страна, затоа што и на емотивното поле не сте многу задоволни. Нормално е дека ви оди да кренете раце од се', но зарем сите тие работи вредат повеќе од вас, за да си дозволите толкав стрес?

Бик

Иако денес ќе бидете свесни дека го имате постигнато резултатот кој сте го барале од себе, но сепак нема да бидете задоволни. Вашата незадоволност ве прати веќе подолго време. Зарем заборавивте дека понекогаш работите треба да се остават да течат по својот природен тек? Инаку, односот со вашиот партнер, денес ќе биде одличен, па можно е и романтично изненадување.

Близнаци

Во текот на овој ден повторно ќе завршите "еден тон" работа, ако нешто друго не оди како што треба, оставете го за наредна недела. Не заборавајте дека човековата сила е ограничена во физичкото тело, не дозволувајте да го имотите вашето тело и да ви откаже послушност. Вашето тело е ваш храм! Голема е можноста да помислите дека вашиот партнер е оддалечен од вас, но причината може да биде и кај него иста како кај вас-умор. Не судете пред време.

Рак

Иако во текот на овој ден ќе се обидете да ја завршите целата работа која е во ваши раце, сепак ќе имате чувство како нешто да недостига. Тоа чувство ќе ви е поради стравот да не се случи нешто во последниот миг. Кога станува збор за љубов, исто така ќе се обидете и тука се' да направите како што треба. Меѓутоа, внимавајте да не се разочарате, можеби е подобро овој пат да бидете попретпазливи.

Лав

Во последен момент ќе се сетите на она што сте морале да го направите, а не сте го направиле. Најверојатно, истото ќе "ви текне" кога некој од вашите надредени ќе ве потсети. Заради истата причина, т.е поради уморот од работа денес ќе бидете пасивни кога станува збор за вашиот партнер, меѓутоа вашиот партнер ќе биде целосна спротивност на вас.

Девица

Како ништо да не ви оди од рака. Во текот на денот ќе се обидете се' да постигнете, но како за се' завршеното да морате да започнете од почеток. Ваквата енергија ќе ви се пренесе и на љубовното поле. Обидете се барем да го намалите интензитетот. Сите денес имаат напорни денови, не им додавајте и вие.

Вага

Особено ќе ви пречат некои постапки на вашите колеги, но и вие сте свесни дека тоа ќе морате да го премолчите. Како и да е, сите ние понекогаш знаеме да бидеме напорни, обидете се на тој начин да си ги "скротите" нервозите. Бидејќи денес се' ќе ве нервира, вечерта ќе сакате да ја поминете во домашна атмосфера. Доколку сте во врска, можеби денес и не е денот кога треба целото време да го посветите на вашиот партнер.

Шкорпија

Крај на неделата е, а вие во текот на денот ќе имате чувство дека станува збор за почеток на недела. Понекогаш има и такви денови, не се вечни, не бидете песимист. Вашата енергија може да ја пренесете и на љубовното поле, па се' да ви изгледа црно. Не правете го тоа. Дојдете дома од работата и одморете се. Тоа е она што ви е потребно за да се регенерирате.

Стрелец

Денес вашето тело ќе го чувствувате како да ви е странец, т.е ќе се чувствувате како странец во сопствената кожа. Оваа недела и немавте многу време за на вашето тело да му се посветите како на "храм". Но, конечно е крајот на неделата. Заминете си дома и одморете се, и така нема да ви се излегува од дома.

Јарец

Во текот на овој ден ќе се обидете да ги завршите обврски и да тргнете од глава се' што ви стои. Добар план, затоа и што е крајот на неделата. Иако сево ова нема да биде лесно, па зарем нешто во последно време е лесно? Затоа, обидете се да бидете порелаксирани кога станува збор за љубовта, тоа ќе ви даде чувство на смисла на нештата.

Водолија

Ќе се посветите на работата и ќе сакате да се сконцентрирате на секој детал. Нема да ви биде важно колку повеќе време ќе ви одзема. Денес ќе сте помолчеливи од вообичаено и ќе сакате да си ја изладите главата од емотивните нестабилности кои ве мачат во последно време.

Риби

Иако во претходните денови успеавте да воспоставите успешна комуникација со оние со кои беше потребно, денес истото нема да ви оди од рака. Нормално е, се ближи крајот на неделата. Доколку сте  брак или во врска, гледајте да најде време за вашата сакана личност и уживајте во чувството на припадност и взаемно разбирање без зборови. Доколку сте слободни, обидете се да ја исконтактирате личноста која подолго време ви се допаѓа.